Достапни линкови

Росен Плевнелиев нов претседател на Бугарија


Росен Плевнелиев

Росен Плевнелиев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов прогласи победа на кандидатот на неговата партија Росен Плевнелиев на претседателските избори. Според првичните резултати, Плевнелиев освоил околу 54 насто од гласовите, а за неговиот противкандидат, социјалистот Ивајло Калфин гласале 46 проценти. Според агенциите, овие резултати покажуваат дека социјалистите закрепнуваат од тешкиот пораз на парламентарните избори од 2009 година и оти најверојатно ќе бидат главни предизвикувачи на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на следните избори.
Податоците од излезните анкети покажуваат и дека кандидатите на ГЕРБ ги освоиле градоначалничките места во неколку големи градови, меѓу кои и Варна, Стара Загора и Русе.
XS
SM
MD
LG