Достапни линкови

Привремено блокиран имотот на ХДЗ


Жупанискиот суд во Загреб донесе одлука за привремена блокада на имотот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Како што јави Хрватската телевизија, одлуката за блокада на зградата на партиската централа во Загреб е донесена на барање на Државното обвинителство на Хрватска. Премиерката Јадранка Косор, која е и претседател на оваа партија, изјави дека сеуште нема официјални информации за блокадата, но додаде дека тоа нема да ја попречи предизборната кампања на ХДЗ, за изборите кои ќе бидат одржани на 4 декември.
Според хрватските медиуми, зградата станала судски залог за противправната имотна корист за што се сомничи оваа партија, а судот го одобрил барањето откако деновиве ХДЗ беше информирана дека е под истрага за нелегално финансирање.
XS
SM
MD
LG