Достапни линкови

Косово од денеска ќе издава биометриски пасоши


Косовското Министерство за внатрешни работи од денеска ќе почне да издава нови биометриски пасоши, што е еден од критериумите во процесот за визна либерализација, за што дијалогот треба да почне кон крајот на декември. Косовските власти ветуваат исполнување на критериумите во рекорден рок, додека претставниците на ЕУ не наведуваат временска рамка, но сугерираат споредување со земјите од регионот.
Биометриските пасоши ги произведува австриската компанија ОЕСД, која во август соопшти дека ќе бидат произведени повеќе од 1,3 милиони пасоши, кои се очекува да бидат доволни за сите граѓани на Косово да се снабдат со овој документ.
XS
SM
MD
LG