Достапни линкови

logo-print

Атамбаев победник на претседателските избори во Киргистан


Алмазбек Атамбаев

Алмазбек Атамбаев

Поранешниот премиер на Киргистан Алмазбек Атамбаев, според првичните резултати, води со голема разлика на првите претседателски избори во оваа земја по минатогодишните насилства и меѓуетнички судири. Официјални претставници соопштија дека тој освоил 63 насто од гласовите, додека за неговиот противкандидат, поранешниот претседател на парламентот Адакан Мадумаров, гласале околу 15 проценти од избирачите.
Инаку, претходно имаше информации дека поради грешки во избирачките списоци, стотици луѓе биле спречени да гласаат, а второпласираниот Мадумаров обвини дека се случиле насилства без преседан.
XS
SM
MD
LG