Достапни линкови

logo-print

На австралиската авиокомпанија и е наредено да прекине со штрајкот


Австралиската регулаторна комисија нареди веднаш да се прекине штрајкот поради кој се блокирани летовите на авиокомапнијата Квантас. Во соопштението е наведено дека одлуката е донесена откако биле сослушани сите инволвирани страни, владата, синидкатите и претставниците на авиокомпанијата. Во изминативе два дена поради штрајкот се откажани стотици летови до 22 земји со што над стотици илјади патници останаа без превоз. Вработените бараат да нема намалување на плати и работници додека компанијата тврди дека синдикатот ги забавува во спроведување на клучни планови за модернизација.
XS
SM
MD
LG