Достапни линкови

Израелците и Палестинците продолжуваат со нападите


Еден палестински милитант е убиен при последниот израелски воздушен напад врз Појасот Газа, неколку часа откако Египет посредуваше за прекин на огнот. Претходно Хамас и исламистичката група Џихад соопштија дека ќе го почитуваат примирјето доколку наидат на реципроцитет од Израел. За помалку од 24 часа убиени се 10 Палестинци и еден Израелец. На почетокот на месецов 477 палестински затвореници беа ослободено од изралеските затвори во замена на еден израелски војник.
XS
SM
MD
LG