Достапни линкови

logo-print

Обвинителството го сослуша Јашаревиќ


Јавното обинителство на БиХ денеска соопшти дека во болницата во Сараево го сослушуша напаѓачот Мевлид Јашаревиќ кој во петокот пукаше врз американската амбасада. Напаѓачот добил адвокат по службена должност, кој по средбата со него изјавил дека Јашаревиќ прашувал за семејството и изразил жалење за најблиските кои сега ќе се соочеле со непријатности поради него. Јавното обвинителство соопшти дека до судот ќе предложат мерка притвор за напаѓачот штом го пуштат од болница. Јашаревиќ бил ранет од специјалците откако извршил напад врз амбасадата.
XS
SM
MD
LG