Достапни линкови

logo-print

Уапсени 615 припадници на ирачката Баас партија


Ирачкиот премиер Нури Ал Малики изјави денеска дека 615 луѓе се притворени при операција против припадниците за забранетата партија Баас која била на власт во времето на Садам Хусеин. Тој додаде дека апсењето е спроведено зaтао што полицијата сметала дека тие се закана за безбедноста во државата. Еден од водечките сунитски пратеници Хамид Ал Мулак изјави дека апсењето на луѓето само ќе ја зголемат тензијата во земјата и дека оправдувањето дека тие се закана за безбеднсота е „научна фантастика“.
Сунитите стравуваат дека ирачката влада ќе го зголеми протисокот врз нив кога ќе си замине американската војска од Ирак, јавува новинската агенција Асошиетед прес.
XS
SM
MD
LG