Достапни линкови

Македонско-француска соработка во земјоделството


Илустрација.

Илустрација.

Македонски и француски фармери ќе соработуваат во областа на земјоделството и сточарството. Како до подобар квалитет на млекото, е проектот на кој ќе се работи наредниот период.

Зголемување на производството на млеко и млечни производи и подобрување на нивниот квалитет се примарните цели на проектот кој наредниот период заеднички треба да го реализираат Организацијата на француски земјоделци и меѓународен развој - АФДИ од Нормандија, Франција Федерацијата на фармери во Македонија и тетовска Млекара.
Да размениме мислења конкретно со македонските земјоделци ние како француски земјоделци особено во доменот на млекопроизводството и млечната индустрија.

Овој проект е финансиран од средствата за децентрализација и соработка меѓу Долна Нормандија, Република Франција и Република Македонија, во областа на земјоделството и сточарството. Идејата на проектот е преку негова практична примена да се согледаат состојбите во млекопроизводството во Полошкиот и другите региони во Македонија, а непосредните контакти и соработка да се даде придонес во зголемувањето на производството на еколошки исправна и поевтина добиточна храна што од друга страна ќе обезбеди константно висок квалитет на млекото.

За сето тоа има иделни природни и други услови, потенцираше, Жан-Пјер Бурбан, одговорен на Комисијата на Организацијата на француски земјоделци и меѓународен развој за Балканот.

„Нашата мисија се одвива со цел да размениме идеи и мислења и да воспоставиме евентуална соработка со Македонија, да размениме мислења конкретно со македонските земјоделци ние како француски земјоделци особено во доменот на млекопроизводството и млечната индустрија. Млекопроизводството наскоро ќе се соочи со прифаќање на европските норми и стандарди, а тоа ќе значи уште поголема работа не само за самите земјоделци туку и за млекопроизведувачите.“
Овој проект се сведува на тоа да преку едукација и размена на искуства им доловиме на нашите кооперанти, на нашите фармери во Македонија како да постигнат поквалитетно млеко и поголеми количини.

Како пример за модернизација на производствените капацитети во насока на подбрување на квалитетот на млекото, а со примена на еко стандардите и на критериумите од хасап системот, АД Млекара од Тетово од Федерацијата на фармери на Македонија е избрана за учество во
реализацијата на споменатиот заеднички проект. Директорот на тетовската млекара, Горан Николоски појаснува дека по начинот и вискиот квалитет на производството на млеко се обидуваат што повеќе да им се доближат на европските производители.

„Овој проект се сведува на тоа да преку едукација и размена на искуства им доловиме на нашите кооперанти, на нашите фармери во Македонија како да постигнат поквалитетно млеко и поголеми количини, односно како да произведеме во Македонија млеко со европски квалитет.“

Заедничкиот проект за зголемување на производството на млеко и подобрување на неговиот квалитет со намалување на трошоците на работењето, ќе биде реализиран до октомври 2013 година.
XS
SM
MD
LG