Достапни линкови

Неделен печат - Писмоманија


Писмоманијата до еврокомесарот Штефан Филе што ја зафати македонската јавност, главна тема во неделниците.

По писмоманијата до Брисел и до еврокомесарот Штефан Филе, што ја зафати македонската јавност, авторот на колумната „Од дистанца“ во најновото он-лајн издание на Глобус наведува дека тој би испратил писма не до Филе туку до други адресанти.
На вистинските интелектуалци не им прилега да ламентираат и евтино да морализираат, особено кога е повеќе од јасно дека се впрегнати во дневнополитички битки и интриги.

Првото би го испратил со извинување до нашите најголеми пријатели и поддржувачи, европски политичари, научници, новинари, публицист кои во изминатите 20 години искрено и посветено застанаа во одбрана на Македонија и кои не' советуваа да се откажеме од ступидната антиквизација, но откако не сме ги послушале сме заличиле на Грција, односно, нашиот најсилен адут, моралната супериорност во однос на јужниот сосед, сме ја распродале за неверојатно кусо време.

Второто писмо, авторот би го испратил до сегашните, но и до бившите еврофункционери кои имаа визија и желба Македонија да стане членка на ЕУ, зашто Европа е нашиот хоризонт и платформа врз која ќе го јакнеме нашиот идентитет. Но, Брисел, вели Глобус, носи и дел од одговорноста за нараснатиот евроскептицизам затоа што не реагирал на време да ја разобличи и да ја порази антистратегијата што ја живееме веќе петта година.
Седи Филе до глуво доба. Седи ем молчи пред аргументите што го сардисаа од Македонија. Не може сам против толку писмен народ. Работници, селани, чесна интелигенција... сите за перо се фатија и политика неправедна му раскринкаа.

Третото писмо би било испратено до големата европска четворка, Меркел, Саркози, Камерон и Берлускони кои и покрај тет-а-тет средбите со Груевски и залажувањата од страна на власта во Македонија дека ќе ни помогнат - не го сториле тоа.

Четвртото имагинарно писмо авторот би го испратил до домашните интелектуалци кои, како што пишува, ги засукале ракавите и му испраќаат морализаторски писма на Филе. На вистинските интелектуалци, смета авторот на колумната во Глобус, не им прилега да ламентираат и евтино да морализираат, особено кога е повеќе од јасно дека се впрегнати во дневнополитички битки и интриги.

И уводникот на Фокус насловен „Наместо принципите, со Европа раководи Ѓаволот“ е посветен на писмоманијата што ја зафати интелектуалната јавност во земјава по Извештајот од Брисел. Заради автентичност, цитирам дел од текстот напишан во стил на средновековните народни песни: „Седи Филе до глуво доба. Седи ем молчи пред аргументите што го сардисаа од Македонија. Не може сам против толку писмен народ. Работници, селани, чесна интелигенција... сите за перо се фатија и политика неправедна му раскринкаа. Човекот дојде до ѕид. Го вади само итен повик до дедо Стефан тој да го спаси од Ѓаволот што му зацарувал со Унијата“ - иронизира Фокус, алудирајќи и на писмото од МПЦ до еврокомесарот Филе.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG