Достапни линкови

logo-print

Разговори за обединување на кипарскиот остров


Кипарскиот претседател Димистрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу денеска се сретнаа во Њујорк каде ќе разговарат за обединување на островот. Ова е четврта средба за една година на лидерите на двете кипарски заедници под покровителство на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. На последната средба во Женева Бан Ки-мун им порача на двајцата лидери дека очекува договор до крајот на октомври. Двете страни треба да се договорат за прашања како судбината на приватната сопственост, изгубена за време на војната, границите, детали на федералната управа и изборите.
Преговорите меѓу Христофиас и Ероглу под покровителство на ОН почнаа на 3 септември 2008 година.
XS
SM
MD
LG