Достапни линкови

logo-print

Над 10 илјади луѓе уапсени во Кина за продажба на дрога преку интернет


Кинеската полиција уапси 12 125 луѓе осомничени за продажба на наркотици преку интернет и конфискува околу 300 килограми дрога. Државната новиска агенција јавува дека полицијата ја започнала операцијата во септември откако открила дека на интернет стрници во
„chat rooms“ се продава дрога во мали количини. Меѓу уапсените има и малолетници од кои најмладиот е 14 годишно момче. Агенцијата јавува дека властите планираат да направат нов закон за да се справат со овој проблем и дека интеренет страните треба да преземат одговорност за тоа што дозволиле да бидат злоупотребени за продажба на дрога.
XS
SM
MD
LG