Достапни линкови

logo-print

Втор круг од претседателските избори во Бугарија


Во Бугарија денеска се одржувa вториот круг од претседателските избори. За наследник на актуелниот шеф на државата Георги Парванов граѓаните ќе бираат меѓу Росен Плевнелиев од владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија и Ивајло Калфин од опозициската Бугарска социјалистичка партија . Во првиот круг Плевнелиев освоил 40 проценти од гласовите додека неговиот опонент Калфин 28,96 отсто.
Паралелно со претседателските, во Бугaрија денеска се одржува и вториот круг од локалните избори на кои треба да бидат избрани градоначалници на 172 општини. И овде главната битка се води меѓу кандидатите на ГЕРБ и БСП.
XS
SM
MD
LG