Достапни линкови

Австралиските власти барат судски налог за прекин на штрајк


Австралискиот премиер Јулија Гилард повика да се стави крај на штрајковите поради кои авиокомпанијата Квантас вчера ги приземји сите летови. Штрајкот им направи проблем на десетици илјади патници во 22 земји. Квантас е десетта по големина во свет авиокомпанија. Владата побара до судот да издаде налог со кој се принудат работниците да се вратат на работа а синдикалниот спор да се решава со посредници. Вработените веќе една недела правеа проблеми со летовите со протестирањето, а вчера масовно сите се приклучија на штрајкот.Тие бараат да нема намалување на плати и работници додека каомпанијата тврди дека синдикатот ги забавува во спроведување на клучни планови за модернизација.
XS
SM
MD
LG