Достапни линкови

logo-print

Асад му се заканува на Западот


Сирискиот претседател Башар Ал Асад предупреди дека „земјотрес“ ќе ги потресе западните земји ако интервенирааат во неговата земја. Тој во интервју за британскиот весник „Сандеј Тајмс“ истакна дека Западните земји ризикуваат да го запалат целиот регион ако интервенираат во Сирија: Асад во интервјуто им постави прашање на лидерите за западните земји „Сакате да видите уште еден Авганистан или сакате да видите десетици пати поголема војна од таа во Авганистан?“
Во меѓувреме новинските агенции јавуваат дека 20 сириски војници загинале а 53 се ранети при судири на војската со дезертери. Сириската организацијата за заштита на човекови права со седишта во Британија соопшти дека во Хомс синоќа дошло до големи судири.
XS
SM
MD
LG