Достапни линкови

При израелски воздушен напад загинале 5 милитанти во Појасот Газа


Израелската војска соопшти дека убила 5 палестински припадници на исламската група Џихад во Појасот Газа. Во соопштението е наведено дека тие биле мета на нивниот воздушен напад затоа што биле одговорни за неодамнешните ракетни напади врз Израел. Министeрството за здравство во Газа соопшти дека при израелскиот воздушен напад се ранети уште 11 лица. Исламската група Џихад ја презема одговорноста за ракетните напади кои неколку часа подоцна ги спроведе врз Израел при што е повреден еден човек.
XS
SM
MD
LG