Достапни линкови

logo-print

Американско- ирачки разговори за билатерални односи


White House spokesman Jay Carney

White House spokesman Jay Carney

Портпаролот на Белата Куќа Џеј Картнеј денеска изјави дека шефовите на америкaнските и ирачките безбедносни служби разговарале за иднината на односите на двете земји, два месеца пред целосното повлекување на американската војска од Ирак. Американскиот советник за национална безбедност Том Донилон и неговиот ирачки колега Фалах ал Фајад ја потврдиле заедничката визија за широко и длабоко стратегиско партнерство меѓу САД и Ирак. Картнеј истакна дека до средбата дошло откако Ирак одби да им даде на американските војници правен имунитет за да останат и да продолжат со обука на ирачките сили по што претседателот Барак Обама објави дека војниците ќе се вратат дома со крајот на 31 декември годинава.
XS
SM
MD
LG