Достапни линкови

Тимошенко осомничена за инволвираност во убиство


Отворена е истрага против поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко за инволвираност во убиството на пратеник и бизнисмен во 1996 година. Ова го соопшти украинскиот заменик јавен обвинител Ренат Кузман во телевиско интервју.
Од канцеларијата на Тимошенко ги негираат овие наводи.
Таа е осудена на 7 години затвор поради обвинение дека ја злоупотребила служвбената должост додека била премиер.
Меѓународната заедница остро регираше на украинската пресуда оценувајќи дека нејзиното затворање е политичко мотивирано.
XS
SM
MD
LG