Достапни линкови

logo-print

КФОР отстранува барикади Србите градат нови


Косовските Срби повторно поставија блокада на преминот Брњак откако војниците на КФОР пред два дена ја отстранија, јавуваат српските медиуми. Овој пат тие со неколку камиони донеле земја и ја истуриле на патот каде што претхоно беше поставена блокада само со возила. Неодамна портпаролот на КФОР во Косово Уве Новицки изјави дека делумното остранување на барикадите во Северно Косово е позитивен чекор но КФОР бара овозможување на безусловно слободно движење за сите, и за мисијата на КФОР и ЕУЛЕКС и за граѓаните и претставниците на институциите. Тој додаде дека е потребно локалните Срби да прекинат со своите активности на премините и целосно да ги отстранат барикадите.
XS
SM
MD
LG