Достапни линкови

Трише:Кризата во еврозоната се уште не е завршена


Претседателот на Европската Централна Банка Жан Клод Трише изјави дека должничката криза во еврозоната не е завршена. Тој во интервју за германскиот весник “ Билд ам Зонтаг“ истакна дека е уверен оти владите од еврозоната се способни да ја вратат финансиската стабилност со помош на новиот пакт и правила. Трише изјави дека договорот што неделава го постигнаа европските лидери треба да се презицира набрзо и веднаш потоа да се спроведе. Тој додаде дека Европската банка многу внимателно ќе го следи напредок на владите во спроведувањето на реформите и дека сега е време да се види „ малку акција“.
XS
SM
MD
LG