Достапни линкови

Над 580 тела извлечени под урнатините во Турција


Турските власти соопштија дека досега извлекле над 580 тела под урнатините од земјотресот што во неделата го зафати југоисточниот дел на Турција. Најмногу жртви има во градот Ерџиш околу 450. Хоспитализирани се околу 1600 луѓе а урнати се над 2200 згради.
Спасувачките екипи соопштија дека се уште трагаат по преживени но не се надеваат многу затоа што шансите некој да преживе една недела под урнатините се многу мали. Земјотресот што ја погоди турската провинција Ван беше со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала.
XS
SM
MD
LG