Достапни линкови

Кенија ќе продолжи со операцијата против Ал Шабаб во Сомалија


Кенискиот шеф на безбедносните сили Генерал Џулиус Каранги изјави дека Кенија ќе престане со нападите врз исламистичката група Ал Шабаб во Сомалија кога ќе го намалат капацитетот на организацијата за вршење на напади долж границата. Тој додаде дека клучен фактор за успех на операцијата е целосно да се онеспособи Ал Шабаб. Во средината на октомври Кенија започна воена операција во Сомалија против милитантите на исламистичката организација по зачестените киднапирања и напади покрај границата.
XS
SM
MD
LG