Достапни линкови

logo-print

Апсења во Нови Пазар


Мeвлид Јашаревиќ

Мeвлид Јашаревиќ

Српската полиција уапсила петнаесет луѓе во Нови Пазар, Сијеница и Тутин во акцијата што почна откако Мeвлид Јашаревиќ од Нови Пазар вчера попладне пукал врз амбасадата на Соединетите држави во Сараево. ,,Акцијата е завршена, а ќе треба да процениме дали ќе бидат неопходни и дополнителни приведувања,, изјави директорот на полицијата Милорад Вељовиќ. 23 годишниот Мевлид Јашаревиќ со автоматско оружје пукал врз американската амбасада во Сараево. Тој по интервенција на специјалците бил ранет и се наоѓал во болница. Во нападот бил повреден и еден полицаец кој ја обезбедувал американската амбасада.
XS
SM
MD
LG