Достапни линкови

Сеиф Гадафи вели дека не бил виновен


Сеиф Гадафи, синот на убиенот поранешен либијски лидер Муамер Гадафи имал неформални контакти со Меѓународниот кривичен суд. Ова за агенцијата Ројтерс го изјави обвинителот на Судот Луис Морено Окампо кој додал дека Сеиф, кој е во бегство, се изјаснил дека не бил виновен за никакви злосторства против човештвото. Окампо прецизира дека контаките биле преку посредници и оти Сеиф сакал да знае што може да му се случи доколку биде ослободен од обвинувањата. Се верува дека тој сега се наоѓал во Нигер.
XS
SM
MD
LG