Достапни линкови

logo-print

Вехабист пукаше кон американската амбасада во Сараево


Сараево, 28.10.2011

Сараево, 28.10.2011

Напаѓачот е совладан, едно лице од обезбедувањето на амбасадата е рането, но е вон животна опасност.

Напаѓач со калашњиков денеска попладне отворил оган кон американската амбасада во Сараево, при што најмалку едно лице од обезбедувањето е рането. При интервенцијата на полицијата, напаѓачот, кој бил облечен како вехабист, бил ранет и совладан.

Американската амбасада во Сараево го потврди инцидентот, соопштувајки дека моментално амбасадата е затворена.

Од болницата во Сараево, како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа, потврдија дека бил донесен ранет еден припадник на обезбедувањето на амбасадата, но тој не бил во животна опасност.

Сообраќајот во центарот на Сараево, каде што е американската амбасада, е блокиран.

Членот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, најостро го осуди овој, како што оцени, терористички напад врз американската амбасада во Сараево и повика на итна истрага. Изетбеговиќ нагласи дека САД е докажан пријател на БиХ.

Според првичните информации, напаѓачот е идентификуван и станува збор за Мевлид Јашаревиќ од Нови Пазар, припадник на вехабистичко движење.

XS
SM
MD
LG