Достапни линкови

Нова ротација на медицински тим на АРМ во мисијата во БиХ


Во Командата за логистичка поддршка (КЛП) на АРМ денеска се одржа свеченост по повод упатувањето на единаесеттата ротација на медицинскиот тим на АРМ кој учествува во мисијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.
На свеченоста присуствуваа и претставници на Генералштабот на АРМ, Воено-медицинскиот центар и роднините на припадниците на медицинскиот тим.
Медицинскиот тим на АРМ е составен од 10 лица, стручен медински и помошен персонал, чија задача во рамки на мисијата „АЛТЕА“ е обезбедување на општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево.
Учеството на АРМ во мисијата „АЛТЕА“ како дел од силите на ЕУФОР, е од огромно значење за афирмацијата на Република Македонија, но и за промоција на оперативните способности на АРМ во делот на санитетското обезбедување.
XS
SM
MD
LG