Достапни линкови

Русија: 20 години затвор за убиец на навивач


Руски суд му одреди казна затвор од 20 години на еден фудбалски навивач кој убил друг навивач во декември минатата година. Судот соопшти дека уште пет лица лица биле осудени на по пет години затвор поради учеството во тепачка меѓу пијани групи навивачи во која Аслан Черкесов со огнено оружје го убил Егор Свиридов. Ова убиство предизвика меѓуетнички судири, бидејќи Черкесов е муслиман од Кавказ.
XS
SM
MD
LG