Достапни линкови

Расмусен: заврши мисијата на НАТО во Либија


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека воените операции на Алијансата во Либија ќе завршaт на 31 октомври. ,,Нашата воена работа заврши, а оваа одлука е донесена на состанокот на амбасадорите на НАТО во Брисел пред една недела,, изјави Расмусен. Алијансата не соопшти како ќе одговори на барањето на новите либијски власти за продолжување на присуството на НАТО во земјата. Вчера Советот за безбедност на Обединетите нации гласаше за завршување на мандатот на НАТО операциите во Либија.
XS
SM
MD
LG