Достапни линкови

АД Топлификација ги зголеми сметките за парно за 7,2 и за 9,6 отсто, а во Скопје Север за 13.29 отсто. Воведување конкуренција е можно решение за пониски сметки.

Поскапувањето на парното во ноември граѓаните го доживуваат како уште еден шок врз семејниот буџет. За корисниците на АД Топлификација сметките за парно ќе бидат поголеми за 7,2 насто за оние што плаќаат цела година, и за 9,6 отсто, за оние што плаќаат само во грејна сезона, додека пак за оние на Скопје Север за сметката за парно ќе биде повисока за 13,29 отсто. Зголемување на цената, според Топлификација, е поради зголемените трошоци за производство на енергија. Во изминатиов период зголемени беа и цените на јајцата, рибата, преработките од месо и нафтените деривати.
Кога ќе дојде сметка за парно мене глава ме боли.

Граѓаните велат дека сметките за парно им создаваат главоболка и одвај успеваат да ги подмират, бидејќи платите и пензиите се мали, а трошоците за живот големи.
Кога парното е прескапо, се бараат алтернативи за греење.

Кога парното е прескапо, се бараат алтернативи за греење.


„Ние плаќаме над 4.000 денари сега. Ако го поскапат, ќе морам да го исклучам.“

„Кога ќе дојде сметка за парно мене глава ме боли.“

„Неверојатно, 4.500 за парно, 2.000 за струја, а каде се другите работи?“

Оние што се откажуваат практично користат топлина од станарите што не се откажале. Тоа ќе оди до една точка на товар кога системот нема да може да функционира.
Професор Сашо Арсов вели дека поскапувањето најмногу ќе се одрази врз граѓаните кои живеат во згради и кои немаат алтернатива на греење и тоа ќе доведе до бран на откажување на користење на парното.

„Оние што се откажуваат практично користат топлина од станарите што не се откажале. Тоа ќе оди до една точка на товар кога системот нема да може да функционира, затоа што буквално луѓето ќе откажат послушност и ќе престанат да плаќаат сметки за парно затоа што ќе сметаат дека не го добиваат она што го плаќаат.“

Грѓаните велат дека нема да го издржат поскапувањето на парното и ќе мора да најдат друг начин на греење, бидејќи Топлификација ја искористува својата монополска позиција на пазарот.

„Мислам да го исклучам, па да си купам радијатори на струја.“

„Топлификација држи монопол и го експлоатира народот.“

Арсов вели дека Топлификација има можност да ја искористи својата положба, бидејќи граѓаните немаат соодветна замена на услугите кои ги нуди.

„Нема друга компанија која ја нуди истата услуга. Мора да поминете на друг тип на услуга.“

Според експертите, и градските власти треба да се позанимаваат со ова прашање, иако Топлификација е акционерско друштво, бидејќи се работи за дејност од поширок интерес.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG