Достапни линкови

Земјотресот во Турција досега однесе 570 животи


Бројката на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција во понеделникот, се искачи на 570, а 2555 луѓе се повредени. Во некои делови, спасувачките екипи сеуште трагаат по евентуални преживеани, а во некои се запрени и фокусот се става врз помош за преживеаните. Досега 187 луѓе беа спасени од под урнатините, вклучувајки и едно 13 годишно дете, кое беше пронајдено денеска, 108 часа по земјотресот.
XS
SM
MD
LG