Достапни линкови

Масовна евакуација од Банкок поради поплавите


Десетици илјади луѓе се евакуирани од главниот град на Тајланд, Банкок, поради страхувањата од влошување на поплавите во градот. Главна грижа е предвидувањето дека локалната река ќе се излее за време на викендот. Министерството за одбрана соопшти дека 50 илјади војници, илјада бродови и исто толку возила им се ставени на располагање на жителите за евакуација. Ова е најтешка поплава во Тајланд во последниве 50-тина години, предизвикани од силните монсунски дождови. Најмалку 377 луѓе настрадаа, а над два милиона се соочуваат со последиците.
XS
SM
MD
LG