Достапни линкови

Собранието ги усвои заклучоците за Извештајот на ЕК


Собранието ги усвои заклучоците за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2011 година. Во нив, меѓудругото, се посочува дека оценките и коментарите содржани во Извештајот се одраз на реалните состојби во Македонија. Надлежните органи се задолжуваат да ги анализираат забелешките, а Владата да изготви план за реализација на препораките содржани во Извештајот.

Во заклучоците со жалење се констатира отсуството на придавката „македонски“ во Извештајот на ЕК.

Опозицијата обвини дека државата тапка во место и оти нема никаков напредок на полето на евроинтеграциите, додека парламентарното мнозинство оцени дека во најголем дел од Извештајот е нотиран напредок, а единствената причина поради која Македонија нема датум за преговори е спорот со името.
XS
SM
MD
LG