Достапни линкови

Саркози - Приемот на Грција во евро-зоната беше грешка


Францускиот претседател Никола Саркози.

Францускиот претседател Никола Саркози.

Грешка беше што и дозволивме на Грција да влезе во евро-зоната во 2001 година, изјави францускиот претседател Никола Саркози. Во телевизиско интервју, тој рече дека е грешка што било дозволено Грција да влезе во работите неподготвена.

Саркози, сепак, додава дека Грција може да се спаси со договорот од средата кој предвидува отпишување на половина од грчкиот долг во вредност од 100 милијарди евра.

На планот за спас на Грција, позитивно реагираа и финансиските пазари.

Портпаролот на Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама ги поздравил донесените важни одлуки од страна на ЕУ за решавање на кризата во еврозоната и повика на брзо спроведување на договорот.
XS
SM
MD
LG