Достапни линкови

Саудиска Арабија избра престолонаследник


Погребот на досегашниот престолонаследник, принцот Султан, во Ријад.

Саудиската државна телевизија објави дека министерот за внатрешни работи Најеф бин Абдел Азиз ал Сауд е избран за наследник на кралскиот престол, откако минатата недела во Њујорк од рак на дебелото црево умре принцот Султан, кој требаше да го наследи 87-годишниот крал Абдула по неговата смрт.

Принцот Најеф ја водеше борбата против исламистичките милитанти, но исто така покажа и посветеност кон ултраконзервативните традиции, како што се забраната за гласање на жените.

Принцот Најеф, кој има 78 години, треба да го преземе саудискиот трон по смртта на кралот Абдула кој е со нарушено здравје.
XS
SM
MD
LG