Достапни линкови

Умерените исламисти победија на изборите во Тунис


Поддржувачите на партијата Енада ја слават изборната победа.

Поддржувачите на партијата Енада ја слават изборната победа.

Изборната комисија во Тунис соопшти дека умерената исламистичка партија Енада освои најмногу места во Парламентот на првите слободни избори во земјата. Партијата Енада освоила 90 места во новото Собрание, кое ќе има 217 пратеници. Следната партија која освоила најмногу места е левичарскиот Конгрес на Републиката, со освоени 30 места, а социјал-демократите од Етакатол освоија 21 пратеник.

Јасмин револуцијата во Тунис беше почеток на бранот револуци во арапскиот свет. Новото Собрание треба да изработи нов Устав во текот на следната година.
XS
SM
MD
LG