Достапни линкови

Израелско-египетска размена на затвореници


Пречек на 25-те разменети египетски затвореници на граничниот премин Теба.

Пречек на 25-те разменети египетски затвореници на граничниот премин Теба.

Израел префрли 25 затвореници во Египет како дел од договорот за размена на египетски затвореници за американско-израелскиот државјанин Илан Грапел кој беше обвинет за шпионажа. Тројца од 25 египетски затвореници се помлади од 18 години. Грапел беше уапсен во јуни, под обвинение дека е агент на Мосад кој се обидувал да ја саботира револуцијата. Израелските медиуми објавија дека тој веќе пристигнал во Тел Авив.

Минатата недела, Израел ослободи повеќе од 1.000 палестински затвореници во замена за израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше во палестинско заробеништво. Египет посредуваше во договорот меѓу Израел и Хамас.
XS
SM
MD
LG