Достапни линкови

logo-print

Дваесетина загинати во бомбашки напад во Багдад


Архивска фотографија: Бомбашки напад во Багдад.

Архивска фотографија: Бомбашки напад во Багдад.

Најмалку 18 луѓе загинале, а повеќе од 30 се повредени при експлозија на две бомби во Багдад, соопштија ирачки полициски и болнички извори. Според официјалните лица, мета на првата бомба била полициска патрола, а втората експлодирала на истото место, но малку подоцна, кога пристигнала службата за итни случаи за да ги евакуира повредените.
Аналитичарите предвидуваат зголемување на насилството на крајот на годината, затоа што во сила стапи крајниот рок за американските војници да ја напуштат земјата.
XS
SM
MD
LG