Достапни линкови

logo-print

ЕП: Пресудата за Тимошенко е злоупотреба на судството


Европскиот парламент донесе резолуција во која се наведува дека треба да и се дозволи на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко да учествува во политичкиот процес сега и во политичките избори во иднина. Парламентот ја осуди предсудата на украинскиот суд оценувајќи ја како повреда на човековите права и злоупотреба на судството.Tимошенко доби 7 години казна затвор поради обвинениети за злоупотреба на службена должност. Меѓународната заедница жестоко го осуди настанот и смета дека станува збор за политички мотивиран случај.Минатата недела ЕУ ја откажа посетата на украинскиот претседател Виктор Јанукович на Брисел.
XS
SM
MD
LG