Достапни линкови

Турција побара помош од ЕУ


Турција побара хуманитарна помош од Европската Унија за справување со кризата по земјотресот во турската провинција Ван, соопшти еврокомесарот за меѓународна соработка Кристалина Геориева. Турција побарала да се активира евроспкиот механизам за цивилна заштита. Австралија, Белгија, Британија, Франција, Словенијa и Шведска понудиле 1200 зимски шатори за семејствата што останеле без своите домови.
Над 530 тела се извлечени под урнатините , додека 1650 луѓе се повредени. Земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтеровата скала во неделата го погоди југосточниот дел на Турција при што над 2200 згради се урнаа.
XS
SM
MD
LG