Достапни линкови

logo-print

Санино: На Тирана и е потребен конструктивен дијалог


Обврска на албанските политичари е веднаш да почнат со конструктивен дијалог и реформи, кои се пресудни за евроинтеграциите на Албанија. Ова денеска го изјави директорот на Дирекцијата за проширување на ЕУ Стефано Санино при неговата посета на Тирана. Тој додаде дека вратата на ЕУ е отворена за Албанија иако Европската Комисија не препорача статус кандидат за членство на земјата во Унијата. Албанија во 2009 година поднесе барање за статус на кандидат , но оттогаш двете најголеми партии во земјата се во спор.
XS
SM
MD
LG