Достапни линкови

Арапски активисти добитници на награда од Европскиот Парламент


Петмина арапски активисти од таканаречената „ Арапска пролет“ се добитници на наградата Сахаров од Европскиот Парламент. Добитници се Мохамед Боуазизи од Тунис, Асма Мафоуз од Египет, Ахмед ал Зубаир од Либија и Разан Зеитоуне и Али Фарзат од Сирија.
Претседателот на Европскиот Парламент Јержи Бузек изјави дека петте лауреати ја симболизираат борбата за промени во нивните земји. Тој додаде дека годинешнава наградата треба да ја симболизира борбата за демократија , човекови права и достоинство. Наградата е во чест на советскиот физичар и дисидент Андреј Сахаров и се доделува од 1988 година.
XS
SM
MD
LG