Достапни линкови

Наместо конструктивна дебата, собранието се претвори во место за лични навреди и дисквалификации што го демонстрира неединството меѓу партиите за суштинските прашања.

Наместо читање закони, поднесување амандмани и дебата за одредени членови, законодавниот дом се претвори во место од каде што се испраќаат пораки на неединство за клучни прашања, лични навреди и
Не прифаќаме лекции по патриотизам од премиер кој својата држава си ја нарече „несакано дете“.
дисквалификации, меѓусебни препукувања.

„Не прифаќаме лекции по патриотизам од премиер кој својата држава си ја нарече „несакано дете“. Оваа држава плаче за патриотизам“, рече Радмила Шеќеринска од СДСМ.

„Каков настап, толку злоба да се има за својата држава, толку негативно да се настапи против својата влада, тоа е влада на сите нас“, рече Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Го затскривате своето незнаење, слабата дипломатија, лажниот патриотизам, вашата политика е погубна за Македонија. Реформите, цела кампања изградивте на „Реформите ќе продолжат“, но тие не постојат“, рече Наташа Савова Салковска од СДСМ.

„Ако вашиот претседател Црвенковски тврдеше дека народот е во право дури и кога греши дали тоа значи дека вие тврдите дека Европската комисија е во право дури и тогаш кога ќе погреши“, рече од собраниската говорница, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Каков настап, толку злоба да се има за својата држава, толку негативно да се настапи против својата влада, тоа е влада на сите нас.
Моменталниот собраниски состав нема капацитет да се концентрира на вистински проблеми, вели поранешниот собраниски спикер Стојан Андов. Притисокот од владата се чувствува директно врз работата на Собранието, вели Андов.

„Комисиите ги одбиваат амандманите, вистинска расправа по амандманите нема на пленарната седница на собранието и штом нема тоа одат во судии.“ Со ваквото однесување на пратениците се губи довербата на граѓаните кон нив и кон институцијата, велат експертите

Со ваквото однесување на пратениците се губи довербата на граѓаните кон нив и кон институцијата, велат експертите



И поранешниот пратеник Јонус Абдулау вели дека законодавниот дом се претвора во сервис на извршната власт. Со ваквото однесување на пратениците се губи довербата на граѓаните кон нив и кон институцијата во која работат.

„Оркестарот функционира по старо, диригентот си е стариот и на крајот на краиштата ова личи како раштиман клавир.“

Она што е потребно е потребна дебата насочена кон подобрување на законите, а не кон придобивање на гласачи.
Комуниколозите констатираат дека говорите во собраниската сала се насочени кон гласачите, а не кон подобрување на содржината на законите. Во тој случај дебатата не е аргументирана и издржана, вели комуникологот Марко Трошановски.

„Она што е потребно е потребна дебата насочена кон подобрување на законите, а не кон придобивање на гласачи.“

Експертите велат дека праксата на агресивен и навредувачки говор во законодавните домови не е невообичаен и за поразвиените демократии, но кога станува збор за соочување на суштински аргументи кои се опфатени со регулативата, Македонија потфрлува.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG