Достапни линкови

Иванов на меѓународен форум „Спорт и мир“ во Монте Карло


Macedonia President George Ivanov

Macedonia President George Ivanov

Спортот има моќ да ги поврзува луѓето и нациите, да ги научи младите дека нема кус пат кон успехот и оти за него е потребна волја, упорност и работа. Ова го порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Петтиот меѓународен форум „Мир и спорт“ 2011, што под покровителство на принцот Алберт II од Монако се одржува во Монте Карло.
Според Иванов преку спортот се гради позитивно однесување кај луѓето, се создаваат посветени поединци, кои пак преку него можат да придонесат за мирот.
На маргините на Конференцијата Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на Унгарија, Пал Шмит и со принцот Алберт II.
XS
SM
MD
LG