Достапни линкови

logo-print

Фич-Македонија со кредитен рејтинг од ББ+


Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич ја оцени Македонија со кредитен рејтинг ББ+ и одреди дека има позитивен проспект во однос и на странските и на домашната валута. Фич истовремено го означи краткорочниот кредитен рејтинг на земјата со Б, а крајната граница на задолжување со БББ-.
Агенцијата очекува годинава Владата да ги оствари или благо да ги надмине проекциите за дефицитот од 2,5 отсто од брутодомашниот производ. Фич предвидува намалување на дефицитот на 2 проценти до 2013 и задржување на јавниот долг до 30 отсто.
Македонија во однос на банкарскиот систем, останува на ниво со низок ризик, споредено со земјите во регионот, стои во соопштението на Фич.
XS
SM
MD
LG