Достапни линкови

Отворен е Самитот во ЕУ


Отворен е самитот на ЕУ во Брисел за изнаоѓање на решение за должничката криза во еврозоната. Лидерите на ЕУ имаат за цел да го финализираат планот со кој треба да се отпишат дел од долговите на Грција и да се зголеми капиталот на ослабените европски банки кои треба да се справат со загубите од грчките обврзници. Пред почнување на самитот грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека денеска целата идеа за евроспката интерграција е доведена во прашање. Тој додава дека лидерите не се справуваат само со предизвикот да го спасат еврото туку да се заштитат идеалите кои се негуваат во Европа.
XS
SM
MD
LG