Достапни линкови

Со бесплатни прегледи против ракот


Невладината организација „Искра“ се обидува да издејствува од државата организирање на бесплатни прегледи за населението со цел навремено откривање на болеста.

Повремен недостиг на лекови, непостоење на зрачна терапија и ограниечен кадровски капацитет на Онколошкото одделение. Ова се проблемите со кои се соочуваат околу илјада пациенти со канцер од југозападниот регион кои се лекуваат или следат во битолската болница. Министерот за здравство Никола Тодоров вети дека ќе им даде посовремени лекови на пациентите кои се побунија, но се уште
Со две сестри и двајца лекари колку што ги има на онкологија, не знам какви луѓе да се нема да издржат, цел ден да седат на работа
Калиопа Натева, пациент од Битола

недостигаат инвестиции во кадар и опрема.

„Со две сестри и двајца лекари колку што ги има на онкологија, не знам какви луѓе да се нема да издржат, цел ден да седат на работа. Овде се останува и преку работно време зашто има многу пациенти и терапијата мораат сите да ја примат“,
вели Калиопа Натева, пациентка од Битола.

Во југозападниот регион секојдневно се регистрираат по пет до шест пациенти заболени од рак, а битолчани секојдневно по еден. Кај жените преовладува ракот на дојка, а кај мажите на белите дробови. Невладината организација „Искра“ се обидува да издејствува од државата организирање на бесплатни прегледи за населението со цел навремено откривање на болеста.

„Кај нас повеќе жени кои се под стечај не можат да си обрнат доволно внимание. Ние за нив прв чекор направивме што бесплатно се снимаа, правеа пап тест. Но, сега правиме уште поголеми чекори. Сега ќе побараме да има скрининг на дојка, па и на дебело црево. Како во сите европски земји секој маж и жена да добие покана дома и да оди да се снима“,вели Виолета Томовска од невладината „Искра“.
Сега ќе побараме да има скрининг на дојка, па и на дебело црево. Како во сите европски земји секој маж и жена да добие покана дома и да оди да се снима
Виолета Томовска, НВО „Искра“

Околу 600 жени во Македонија секоја година заболуваат од рак на дојка, вели онкологот Дева Петровска. „Како држава немаме организиран скрининг на ова заболување, како и за второто по зачестеност- рак на грлото на матката. Во последно време малку се прави во тој поглед. Постои финансиска ограниченост бидејќи се она што е модерна современа терапија на полето на онкологијата чини многу пари“.

Во светот денес е тренд да се зборува за бројот на преживеани пациенти, а за ние да стигнеме до тоа онколозите сметаат дека потребно е пред се законски да се обврзе населението на систематски прегледи.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG