Достапни линкови

Синот на Гадафи сака да се предаде во Хаг


Воениот претставник на либискиот Национален преоден совет Абдел Маџирд изјави дека синот на Моамер Гадафи Саиф ал Ислам и поранешниот шеф на разузнавачката служба Абдула ал Сенуси се подготвенвени сами да се предадат во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Маџирд во изјава за Ројтерс додаде дека тие сметале дека не се безбедни на локацијата на која се наоѓаат. Тој додаде дека неговите информации доаѓаат од разузнавачки извори кои се обидуваат да посредуваат меѓу судот и соседна земја што не ја именуваше. Саиф ал Ислам е во бегство по убиството на неговиот татко Гадафи во неговиот роден град Сирт, по него е распишана потера за воени злосторства.
XS
SM
MD
LG