Достапни линкови

Исламската партија Енахда прогласи победа на изборите во Тунис


Генералниот секретар на туниската партија Енахда Хамади Џбели изјави дека тој е кандидат за премиер на Тунис. Според првичните информации од изборите во Тунис Енахда го има мнозинството гласови. Џбели додаде дека исламската партија Енахда нема да наметне ограничувања за тоа како да се облекуваат странските туристи на плажите и дека нема да ги наметне сите исламски правила, со што ќе се придружуваат со правилата за секуларна демократија во земјата. Опозициската партија го призна поразот на изборите.Новите пратеници ќе имаат мандат од една година и ќе треба да го изготват новиот Устав.
XS
SM
MD
LG