Достапни линкови

Почна со работа бугарско-српска гранична патрола


Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека почна со работа првата заедничка бугарско-српска гранична патрола, која ќе има за цел сузбивање на криминалните активности во пограничните области. Мешаните патроли ќе работат на сузбивање, прекин и откривање на прекршоци во областа на илегалната имиграција, шверц, кражба на автомобили, оружје, воена опрема и експлозивни материјали, се наведува во соопштението.
Првата бугарско-српска патрола почна со работа во согласност со договорот за соработка на полициите на Србија и Бугарија, потпишан во мај 2011 година.
XS
SM
MD
LG