Достапни линкови

Ердоган: Неквалитетните градби причина за последиците од земјотресот


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган смета дека една од причините за трагичните последици од катастрофалниот земјотрес е лошиот начин на градење на зградите.
Тој денеска во Анкара изјави дека дека очигледно не научиле многу од минатото кога при земјотреси лошо изградените згради се уриваа како кули од карти и однесоа многу животи.
Во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала што во неделата го погоди Ван, според најновите податоци, загинаа над 470 луѓе, но се стравува дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем бидејќи под остатоците на урнатите згради има голем број затрупани луѓе. При земјотресот целосно или делумно се урнаа над 2 илјади згради.
Во подрачјата погодени од земјотресот и денеска продолжува потрагата по евентуално преживеани лица под урнатините.
XS
SM
MD
LG